884
После позитивниот тест на корона вирус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, премиерот Зоран Заев за ТВ21 вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за Ковид-19.
„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи. Сепак, тест секако ќе направам, затоа што така е паметно и одговорно“, истакна Заев.