Ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Тоа никој веќе нема да ни го оспорува. Но, во исто време да се запрашаме – што ќе им оставиме на децата? Да бидеме мудри и да носиме одлуки. Јас верувам дека на нашиот народ му обезбедуваме иднина, порача премиерот, Зоран Заев, на јавната дебата за уставните измени.
-Северномакедонци нема да бидем ни јас, ни вие, ниту децата.Јасно е утврдено дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Повеќе тоа никој нема да ни го оспорува. Завршен е траен спор, имаме земја признаена од сите, нема срамот на фиромци да го носиме повеќе. Прашање е што ќе им оставиме на децата. Точно е дека ќе бидеме Северна Македонија, ама ќе бидеме Македонци. Во европскиот парламент и грчките пратеници аплаудираа кога им се обратив на македонски – рече Заев