Премиерот Зоран Заев нема ништо против името на автопатот Миладиновци-Штип да остане „Гоце Делчев“. Оваа одлука е донесена од претходната власт уште кога почна изградбата на делницата и е објавена во Службен весник.
Заев вчера рече дека не е запознаен со таквата одлука но ќе ја почитува доколку навистина е така.
– Ако е така така ќе остане.Нема потреба од промена. Ако има завршено веќе процедури околу именувањето на патот одлично-изјави премиерот.
Опозицијата изминатиот период се обидува да го дестабилизира процесот на членство на Македонија кон НАТО и ЕУ, преку отворање на непостоечкото прашање со Гоце Длечев. На сличен начин опозицијата минатата година се обиде да ги вметне и прашањата околу името на нацијата и јазикот, што за среќа помина неуспешно, а според Преспанскиот договор се зашитити Македонската нација и Македонците, а за прв пат се призна и Македонскиот јазик. Опозицијата или не сфаќа или намерно прави вакви проблеми кои што и’ прават огромна штета на Македонската држава, а единствено политички профит имаат одредени структури кои не и мислат добро ниту на опозициската партија, ниту на државата.