Заев: Нема да трошиме пари за туѓи бизнис-интереси во Скопје

by Фокус

Скопје и скопските општини ќе бидат сервис на граѓаните, локалните власти ќе работат само во интерес на граѓаните и во консултација со нив. Нема да се трошат нивни пари за туѓи бизнис интереси, нема да се уништува зеленилото во градот, ниту пак ќе се носат ДУП-ови кои ќе го гушат. Ќе го вратиме сјајот и духот на Скопје, онакво какво го сакаат неговите жители, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на Форумот со граѓаните што се одржа на платото пред Универзалната сала во Скопје.

-Заврши времето кога од некои фотељи во кабинети директно менаџирајќи и Груевски и Коце Трајановски, и другите градоначалници го креираа ликот на вашето Скопје, на мојот главен град. Ова време останува позади нас. Никој не може да не попречи во намерата да го вратиме духот на скопје онака како што скопјани го сакаат  рече Заев.

Поврзани новости