Нема да понесам одговорност и нема да побарам одговорност затоа што сум присуствувал на отворање на градски пазар во Велес, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали некој ќе понесе одговорност за неговото присуство на отворање на пазарот во моменти и поради голем број на заразени и починати.
-Не мислам дека треба да понесам одговорност и нема да понесам одгоовнрост и нема да побарам одговорност, ние веруваме дека треба да има позитивни вести. Не сме направиле ништо лошо освен чувството дека некој треба да прави харакири во поглед на тешкотијата и мачнотијата на ситуација, рече Заев одговарајќи на прашањата.
Своето присуство на вакви настани го образложи со извештајите што ги читал за психолошката состојба во која се наоѓа народот и дека во вакви времиња на граѓаните им требале добри вести.
-Од сите извештаји кои ги читам како претседател на владата во државата има психлошка колективна депресија, извештајите сугеритаат да има позитини настани да правиме нешто убаво, очигледно ќе трае ова. Животот треба да продолжи и мора да продолжи, сакаме да прошириме позотивна вест, се радуваа велешани за градскиот пазар, рече Заев.
Денеска Владата донесе одлука за заострување на рестриктивните мерки поради големиот број на заразени и починати.