995
Премиерот на Макдонија, Зоран Заев нема да се повлече од својата функција, дознава Фокус.
Иако некои медиуми објавија дека поради неуспехот со добивањето датум за преговори, Заев размислувал за да се повлече од актуелната функција, сепак, до такво нешто нема да дојде.
Имено, тој имал намера да поднесе оставка поради чувство на одговорност, но одлучил својата политика да ја провери на предвремени избори, кои во договор со опозицијата најверојатно би се одржале во март, 2020 година.