Заев: Нема да ни падне круната од глава од критиките на Пендаровски

by Fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција. Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово.

-Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата. Неговата фунција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напротив, од критиките треба да учиме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.

Поврзани новости