502
-Народот од нас очекува сериозност и нормализација на државата. Немаме намера да бидеме пандан на популизмот на Груевски. Тој ги практикува популистичките политики, а општеството ни е уништено, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по зачестените појавување на премиерот Никола Груевски во јавноста.
Заев за ваквиот начин на водење на политика на Груевски вели дека е „мачкање очи на јавноста“.
Ние тоа нема да го правиме. Посветени сме на граѓаните и нивните потреби. Приустни сме помеѓу граѓаните и немаме намера да продаваме лажен популизам, напиша Заев.