350
Подготвени сме за име со географска во одредница, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
-Јас сум оптимист, нема да биде лесно, но тоа и го очекувавме. Убеден сум дека може да се најде решение. Во моментов можам да кажам дека ние сме подготвени за географска одредница. Со цел да му се даде шанса на процесот за решавање на спорот, македонската страна нема да лицитира со имиња во јавноста, рече Заев.
Тој ги повика пратениците, претседателот Иванов и опозицијата активно да учествуваат во реформскиот процес. Премиерот потенцираше дека досегашниот прогрес не е дело само на Владата, туку е успех на сите политички партии и институциите и граѓаните.