485
Премиерот Зоран Заев упати сочувство до семејствствата чии членови загинаа во сообраќајната несреќа со превртениот автобус кај Тетово.
-Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски, напиша Заев на својот Фејсбук профил.