Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во денешното интервју на ТВ 24, во врска со релациите со Софија, истакна дека политиката не може да се меша со историјата. Според него, ако сака да се гради пријателство и добри односи, треба да се изгради и пријателски амбиент. Тој посочува дека остануваат спомениците како потсетник на фашизмот, но, како што истакнува, нечесно е да се оквалификува една цела нација како фашистичка.
-Непријатно е чувството да ве именуваат како фашистички окупатор. Во европските учебници, во духот на европските манири, се избегнува етничката или националната обоеност на фашизмот. Целта ми е градејќи ги сите тие односи, да внимаваме на начинот на кои ги општиме работите се со конечна цел да градиме едно пријателство – рече Заев.