Заев: Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта, ама знам дека ќе добиеме европски претседател

by fokus

Премиерот Зоран Заев се обрати на денешниот централен митинг на СДСМ во Скопје и порача дека Македонија ќе добие вистински претседател кој влече напред.

-Денеска слободно можеме да кажаеме дека успешно заедно одиме напред. Ги победивме омразата, конфликите и неправдата. Европа и светот аплаудираат, вам ви аплаудираат. Граѓаните имаат потреба од претседател на својата држава и конечно по 10 години ќе добиеме претседател на државата, човек кој ќе влече напред, Стево Пендаровски. Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта, ама знам дека Македонија ќе добие претседател, европски претседател. Одиме напред со Стево Пендаровски, рече Заев.

Поврзани новости