587
Коментирајќи ја денешната изјава на еврокомесарот Јоханес Хан дека очекува решение за спорот со Грција за две недели, премиерот Зоран Заев рече дека не верува дека тоа ќе се случи толку брзо.
Тој рече дека Хан е многу голем пријател на Македонија, и дека се надева оти тој има повеќе информации, па е толку оптимист.