Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Сител во однос на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за законотот за јавно обвинителство рече дека не смее како ќе им текне на политичките лидери, така да менуваат обвинители.
-Јас сум транспарентен, зборувам за сите детали. Секако во целата оваа постапка, причина што нема договор е иднината на предметите на СЈО. Власта се бори тие предмети да имаат своја иднина. Мицкоски и неговите соработници бараат тие предмети да се завршат, да се заташкаат. Да напоменам дека пред еден месец кажав дека го прифатив предлогот на опозијцата, СЈО да го припоиме на постоечкото обвинителство. Потоа излегоа нови барања: да го постават шефот. Како ние да објасниме на јавноста, седнале Мицкоски и Заев и ја тргнале Рускоска? Не смее како ќе им текне на политичките лидери, така тие да менуваат обвинители, вели Заев.