Заев: Не се разговара за карантин, се надеваме дека бројките ќе паѓаат

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

-Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број КОВИД случаи, посебно воТтетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но, тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според смрноста.

-Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи парамтерите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат, нагласи Заев.

Поврзани новости