679
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не одговори конкретно на новинарското прашање дали размислува да поднесе оставка, ако евентуално ги изгуби изборите. Порача дека не помислува на тоа да ги изгуби изборите, па не размислува за оставка.
-Не ни помислувам да ги изгубам изборите. Нема потреба од оставка. Сепак, народот ќе си го каже своето. Граѓаните ја носат конечната одлука. Но, водиме на сите анкети, трендот е позитивен, граѓаните ги препознаваат промените што ги направивме, така што не постои одговор на вашето прашање, рече Заев.