370
Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека не очекува долгот на државата кон стопанството да надмине 700 милиони евра.
„Сè уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис заедницата да надмине 700 милиони евра, истакна Заев“, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.
Во однос на инспекциските служби, премиерот подвлече дека тие ќе бидат пред сè во функција на превенција и ќе издаваат предупредувачки мерки, наместо да казнуваат како што досега беше пракса.