Заев: Не може едноставно да разрешувате министри

by Fokus

Моралната одговорност во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово е постигната со тоа што се понудени четири оставки. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој и повторно инсистира на тоа дека за нив треба да одлучи откако ќе ги добие извештаи од истражните органи.

„Не можете едноставно да разрешувате министри, влада, парламент, па дури и цел народ заради оваа болка. Мора да водите грижа прво за суштината и причините на тоа што се случило. Второ, мора да знаете што после тоа – ќе учите некој уште шест месеци да навлезе и да менаџира со короната, со болницата во Тетово?“, рече Заев.

 

Поврзани новости