862
Премиерот Зоран Заев одговорајќи ја новинарско прашање, истакна дека нема потреба од оставка по неуспехот со португалското претседателство.
„Ги направивме сите реформи дома и навистина 100 процентно беше потврдено заради новата методологија на предлог на францускиот претседател, се случи одложувањето. Тогаш ја поднесов оставката и повикав на избори. Отидовме на избори со главна помисла дека граѓаните треба да одлучат, остануваме на европскиот пат или ќе разработуваме други варијанти. Одлучија граѓаните, дадоа поддршка и покрај такви тешки процеси, ја добив таа чест и одговорност пак да ја водам македонската влада. Сега мислам дека нема потреба заради тоа што не е во ред, нерационално е да се оди на избори, рече Заев.