Заев: Не ми паѓа на ум да влијаам врз судии и обвинители, но oтворен сум за дијалог со Мицковски

by Фокус

Премиерот Зоран Заев му одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Муковски дека позитивно го разбира неговиот повик да седне на маса со опозицискиот лидер Христијан Мицковски за да најдат решение од актуелната ситуација.

-Само низ разговор се наоѓа решение и јас сум за дијалог. Премногу се делби и поделби во земјава. Не ми паѓа на памет да влијаат врз судии и обивнители, но треба да се помириме и да си простиме – рече Заев.

Тој потсети дека на лидерските средби безусловно прифатил техничка влада пред избори, на чело на ДИК да застане опозициски кадар, како и буџетско финансирање на партиите, но, истакна тој, дијалогот заглавил кога на дневен ред дошло референдумското прашање.

-Сите сме за ЕУ и НАТО и и свесни сме дека без договор со Грција е невозможмно и членството. Со договорот името го прецизираме, не но менуваме, а идентитетот го зајакнуваме. На избори граѓаните го предаваат мандатот кон пратениците да одлучуваат – посочи премиерот.

Поврзани новости