435
Власта не се задоволила само со апсењето на Љубе Бошкоски, туку морале и да го понижат преку медиумите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев најавувајќи ги серијата на прислушувани разговори што ги објавува на моменталната прес-конференција.
– Сашо Мијалков нарачувал прилози од Сител и Канал 5 од апсењето на Бошкоски, што е сторено од лична одмазда – истакна тој.