Заев: Не ги сфаќам од Левица, испадна дека се и десница и контра за се

by Fokus

Не ја сфаќам логичноста на партијата Левица,  испадна дека е и десница и контра за се, Законот за државјанство е решение за сите според европските стандарди и сега да се блокира не можам да сфатам, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната блокада на Законот за држаавјанство од страна на пратениците од „Левица“ .

Предолгиот говор на пратеникот Апасиев ги револтираше пратениците на албанската опозиција кои побараа да зборува поконкретно за амандманите, а не воопшто за државјанството.

Седницата беше одложена на неодредено време. Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива поднесе вкупно 10 амандмани, со кои се менува предлог-законот за државјанство. Тие беа изготвени по последната средба и договор кој го постигнаа со Владата.

Целта е да се олесни процесот за добивање државјанство на стотици граѓани кои, иако се родени или долго време живеат во Македонија, немаат државјанство.

Поврзани новости