Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција соопшти дека не ги прифатил оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, поради пожарот во тетовската ковид болница каде загинаа 14 лица.

„Внимателно ги прочитав наодите на истражителите за причините за несреќата во тетовската модуларна болница. Како што е јавно соопштено, со стручните наоди на вештачење е утврдено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска во приклучен кабел. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Филипче и заменик министерот за здравство Хасани“, изјави Заев.

Поврзани новости