646
Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека е подготвен за дуел со опозицијата, посочувајќи дека многу е важно да се посветат на работите што се договорени на последната лидерска средба. Таму, како што рече, имаме договорени сериозни работи кои носат свои обврски.
– Дуел секојпат е прифатлив, тоа може да значи информација повеќе за граѓаните, комплетно отворање на сите важни прашања и секако секој пат сум подготвен да разговараме за се, додаде Заев.