Заев навива за македонските ракометари: Ве бодриме шампиони!

by fokus

Во пресрет на првиот натпревар на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство, претседателот на СДСМ, Зоран Заев испрати поддршка до ракометарите.

-Вечерва навиваме за македонската репрезентација на Европското ракометно првенство. Им посакувам победа на првиот натпревар со Украина и многу успех со репрезентациите на Австрија и Чешка, со кои играат во недела и во вторник.
Ве бодриме шампиони!, напиша Заев на Фејсбук.

Македонија вечерва во 20:30 часот игра против репрезентацијата на Украина. Пренос ќе има на телевизија Телма.

Поврзани новости