Претседателот на Владата Зоран Заев денеска од Охрид рече дека уривањето на дивоградбите во Охридскиот регион мора да се спроведува согласно законите и со запазување на предвидените постапки, најавувајќи дека процесот на отстранување на илегално изградените објекти на крајбрежјето на езерото ќе продолжи.
За самиот процес тој рече дека воопшто не е лесен, оти постојат одредени судски решенија што го усложнуваат, но дека инситутциите на сите нивоа остануваат фокусирани на исполнување на предвидените постапки.
– Слободата и демократијата живеат и се слават во нашата земја…Навистина ги следиме законите. Централната власт е во позадина, со поддршка не само во изјавите, туку и финансиски поддржуваме и се. Затоа што во моменти кога доаѓате на вакви предизвици повторно ја централизирате власта заради било кој изговор, тоа е лоша порака за граѓаните. Наша намера е да додецентрализираме, да пуштиме дополнително нови надлежности, па дури и тие што ги има кај градоначалникот и Советот да ги пуштиме на месните заедници, до таму, до граѓаните да стигнат. И од тој аспект сакаме согласно законите да се тераат сите постапки, рече тој.
Премиерот со пофални зборови за се она што го има направено охридската локална власт во справувањето со проблемот на дивоградбите.