Заев: Наследивме економска катастрофа, но ова е година на економијата!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција говореше за економијата во Македонија во последните две години. Тој истакна дека економијата се движи во вистински правец.

„Податоците од страна на Светската трговска организација покауват огромен напредок и имаме драстично намалување на невработеноста. Ова се должи на намалување на дефицитот во трговскиот биланс. Нето приливите од странски инвестиции се зголемиле, а економијата ни е на добар пат. Затоа Светската трговска организација запишала „Македонија презеде мерки за зголемување атрактивноста кон странските инвестиции“. Северна Македонија има напредок од 25 иновациски места на глобалниот иновациски индекс. Во однос за бизнис климата е рангирана на 28 место. Ова е доказ дека економските политики на владата ги даваат резултатите и ова е година на економијата.

Наслодената економска состојба не ветуваше многу, постоеше разочараност, наследивме економска и финансиска катастрофа.Обемот на економијата се намалуваше. Паралелно работевме на меѓународен план. Зголемена е тргоската размена со Грција. Со посветена работа и остварени состаноци, ги стабилизиравме економските текови и состојби“, истакна Заев.

 

Поврзани новости