Заев: Нашиот јазик ќе се изучува во библиотеките на главните градови на европските држави

by Frosina Fakova

Не очекувам интервенции во Преговарачката рамка за членство во ЕУ, која е веќе на маса, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Нормално е дека во Преамбулата стојат и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Република Бугарија, затоа што тоа е преземена обврска од наша страна да се реализира до крај низ годините пред нас. Секако Европската Комисија која е репрезент на сите земји – членки на ЕУ усвои преговарачка рамка и ја задолжи нашата земја и целото европско законодавство да го преведе на македонскиот јазик.Тоа за мене е голема работа, којашто уште еднаш значи признавање на нашиот идентитет, нашиот македонски јазик. Македонската комисија, земјите членки на ЕУ, ова е почетокот на официјализирање на македонскиот јазик во службен јазик на ЕУ, со којашто се стекнуваме со полноправното членство, рече Заев во изјава за медиумите во Велес.

Лидерот на СДСМ рече дека нашиот јазик ќе се изучува во библиотеките на главните градови на европските држави.

-Тоа само по себе значи распламтување на македонскиот оган кој што ќе биде како и сите посебни нации и идентитети дополнително потврден и валоризиран рамноправно еднакво како што Европа знае да го направи, потенцира Заев.

Поврзани новости