Заев: Народот на 31 ќе одлучи дали ќе оди напред или ќе се вратиме во молк и режим

by fokus

Народот на 31 октомври ќе одлучи дали ќе одиме напред или ќе се враќаме во минатото, дали ќе имаме слобода и демократија или молк и режим и кавги со соседите, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција каде уште еднаш на обединување и поддршка во вториот круг на локалните избори на 31 октомври.

Според него, партнерите од владината коалиција кои денеска порачаа дека остануваат со СДСМ, целосно ги разобличија, како што рече, дезинформациите коишто ги слушавме деновиве за нови мнозинства.

Заев вели дека сега работат на предизвикот, на пораката, односно жолтиот картон што им го дадоа граѓаните во првиот круг на локалните избори.

-Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена и казна. Тој став, тој глас го слушаме и го уважуваме. Свесни сме и јас лично и партијата дека нема толеранција за повторување на истите грешки. СДСМ учи, се менува и ги поправа сопствените грешки. Ова е приземјена политичка опција која се менува. Оваа опомена која ни ја дадоа ќе се рефлектира во подобрување на работата на општинските, централните институции, на Владата. Ние нема друго што да им порачаме на граѓаните, освен им благодариме, примено и постапуваме. Добивме жолт картон, од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас зависи дали жолтиот картон ќе стане црвен, рече Заев.

Тој ги повика слободумните, демократски и напредни сили да да излезат и да гласаат.

Поврзани новости