Заев: Најдовме решение со средношколците, матурата ќе почне една седмица подоцна!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција информираше дека е пронајдено решение со средношколците, кои бараа бројот на екстерни предмети да биде два.

Тој упати апел кон средношколците да продолжат и во иднина да се борат за прашањата кои се во нивни личен интерес.

„Најдовме квалитетно решение со средношколците. Следејќи го примерот на останатите држави, за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Свесни сме дека ова е време на пандемија и беше потребно да излеземе во пресрет. Матурата ќе започне една седмица подоцна. Претставниците на Сојузот на средношколците ги дадоа своите предлози со издржани аргументи, а и тие ги сослушаа нашите предлози. Ги ихрабрувам да продолжат да бидат гласни за секое прашање од нивен интерес. Научивме многу и прифативме многу дури и од луѓе како средношколците“, истакна Заев.

Поврзани новости