487
Претседателот на СДСМ Зоран Заев е убеден дека условите за фер и демократски избори се исполнети и дека тие ќе се одржат во декември. Опозицискиот лидер како пример го посочи Избирачкиот список за кој рече оти е прочистен и оти имало тренд на медиумско избалансирано известување.
-На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени- порача Заев, на денешната посета на Прилеп.
На новинарско прашање дека листите на СДСМ ќе бидат половина со членови од Шарената револуција, Заев рече оти „најдобрите репрезенти на граѓаните ќе бидат на пратеничките листи“.