Заев најави трајно решение за фабриката Колска, ќе се исплатат задоцнетите плати

by fokus

Премиерот Зоран Заев на средбата со претставници на Синдикатот на фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, соопшти дека презема обврска уште денеска да почне решавањето на проблемот на вработените кои шест месеци немаат земено плата, а ќе се изнајде и трајно решение за статусот на фабриката.

По насока на премиерот, проблемот финансиски ќе биде решен со што 125-те вработени во „Колска“, во најкус можен рок ќе можат да си ги земат одработените плати.

Претставниците на Синдикатот се пожалија дека досега се соочувале со несериозен однос од страна на државата, поради што освен што е загрозена егзистенцијата на вработените, тие немаат ни здравствено осигурување. Поради ова, дел од нивните колеги се соочуваат со сериозни здравствени последици.

Заев најави дека до крајот на неделата ќе одржи стручни консултации за трајно решавање на статусот на фабриката и обезбедување на работниот однос на вработените во неа.

Поврзани новости