Премиерот Зоран Заев најави можност идната недела повторно да седнат на маса со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во насока на постигнување компромис околу законот за Јавното обвинителство. Тој од Њујорк за Гласот на Америка изјави дека може да се очекува до 15 октомври, кога се очекува одлуката за почнување преговорите со Европската унија, да се постигне конечен договор.
-Се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција. Како секаде во регионот, така и во нашата земја има потреба од таква работа, каде што на предлог на опозицијата би се предложил самиот јавен обвинител. Верувам дека и тука ќе продолжиме да разговараме, начинот на изборот, која е гаранцијата дека може да се избере таква личност како тоа би се убрзало да се избере, како ќе биде воспоставено – рече Заев.