Заев најави ревизија на пет отсто од пресудите и детална имотна проверка на судиите и обвинителите

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска при презентацијата на новата партиска програма најави ред и дисциплина во правосудството.

-Денес нашата убава земја, Северна Македонија е 30та членка на НАТО и пред отварање преговори со ЕУ. Во некои сегменти остана уште многу работа. Еден од нив е правосудството. Политичарите остануваат настрана од обвинителите и судиите. Новиот закон нема скриена амнестија. Сега правосудтвото е на ред да испорача правда, без да се соочува со притисоци. Тоа не е само мое очекување, туку на сите граѓаните. Ќе работиме на поддршка на судството да работи самостојно и професионално. Време е за ред и дисциплина. Следува прочистување во правосудството. Започнува детална имотна проверка на сите судии и обвинители. Ќе се врши темелна ревизија на 5 отсто од сите пресуди во последните пет години, по случаен избор, рече Заев.

 

Поврзани новости