555
Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук најавува дека во Република Северна Македонија следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.
– Проектирани се една милијарда во патишта, над една милијарда во железница, над една милијарда во енергетика – со ХЦ Чебрен, со далекуводот кон Албанија и со гасоводот. Инвестираме и во нов Клинички центар, во земјоделството и руралниот развој, во пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реалните потреби на сите граѓани, истакнува премиерот Заев во објавата на Фејсбук.