Заев најави дека 2 милиони евра ќе им бидат вратени на 4.740 туристички агенции

by Фокус

За туризмот како една од најпогодените гранки од кризата, во четвртиот пакет предвидени се мерки за поддршка на плати за туристичките водичи, поврат на туристичката такса за 2019, како и грантови за туристички агенции, наведе премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук.

Заев посочува дека на 150 регистрирани туристички водичи за октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто-плата во висина 21.776 денари, во вредност до 160.000 евра, а на 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

За 500 туристички агенции, како што пишува,  обезбедени се грантови во висина од 3.000 до 7.000, во вкупна вредност од 1,9 милиони евра, во зависност од бројот на вработени, од вкупниот промет во 2019 година и од тоа дали се носители на А или Б лиценца.

Поврзани новости