Заев на видеоконференција на европските социјалисти: Мора да се зачуваат работните места

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес учествувал на видеоконференција на Партијата на европските социјалисти. На состанокот, лидерите на европските социјалдемократи и социјалисти ги презентирале мерките што се преземаат во нивните земји и ги споделиле најдобрите практики, информираа од СДСМ.

Од таму додаваат дека тој ги презентирал мерките што владата предводена од СДСМ ги има преземено до овој момент и мерките што се планира да се преземат во зависност од тоа како ќе прогресира ситуацијата со коронавирусот.

„Еден од главните фокуси и практики се насочени кон зачувување на работните места во услови на очекувана економска криза и рецесија, како и одржување во кондиција на реалниот сектор преку субвенции и мерки кои ќе му овозможи на секторот брзо закрепнување. Заев ги презентираше мерките со кои на сите вработени во пиватниот сектор ќе им се гарантира минимална плата субвенционирана од државата, како и даночни олеснувања за сите компании зафатени од кризата“,- се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости