Заев на средби во Велика Британија

by fokus

Премиерот Зоран Заев, за време на дводневната работна посета на Велика Британија, оствари средба со в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер.

-Владата е посветена на планот на домашни реформи, градење на едно општество, решавање на проблемите со соседите, како и градење на доброседска политика и развој на регионалната соработка. Наши цели се членство во ЕУ и НАТО, нема друга алтернатива – бидејќи тоа значи стабилност и економски напредок за Република Македонија и за подобрување на стандардот на граѓанитев, рекол Заев на средбата.

В.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер ги поздравил напорите на новата влада за демократски реформи. Тој го поддржа процесот на ЕУ и НАТО интеграции, и истакна дека САД остануваат партнер и поддржувач на Република Македонија.

 

Поврзани новости