450
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе има средба со претседателот на новоформираната партија „Алтернатива“, Африм Гаши, како и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Тема на средбите ќе биде името на идниот консензуален кандидат за претседател.
„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на Коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата. Денеска (19.02.2019), со почеток во 15.00 часот, во Кубот на пратениците, ќе се одржи работна средба меѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, додека во 16.00 часот, ќе се одржи средба со претседателот на ДПА, Мендух Тачи“, информираа од СДСМ.