633
Премиерот Зоран Заев во вторник и в среда во Брисел ќе има средби со претседателот на Европската комисија, со еврокомесарот за проширување и со шефицата на дипломатијата.
Ова ќе биде прва средба на премиерот Заев со актуелниот претседател на Европската комисија Жан Клод- Јункер. Освен средбите со Јоханес Хан и со Федерика Могерини, македонскиот премиер ќе оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.
Заедно со Заев, во Брисел ќе бидат и вицепремиерот Бујар Османи, министрите Никола Димитров и Горан Сугаревски, и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.