Заев на средба со верските лидери во земјава: НАТО носи траен мир и целосно помирување

by fokus

Честитки за потпишувањето на протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО и заедничка изразена верба дека тоа носи траен мир за Република Македонија и целосно помирување дома, помеѓу сите граѓани кои живеат во нашата земја, упатиле Поглаварите и претставници на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата со Заев присустувале поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,  Митрополит Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница во Република Македонија, Рејз Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква во Република Македонија, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, проповедник Михаил Цеков од Евангелско – методистичката црква во Република Македонија и Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Македонија.

– На средбата е разговарано за актуелни прашања од значење за верските заедници. Изразена е заедничка согласност дека при функционирањето на државниот систем и на верските заедници треба да се почитува секуларниот карактер на државата, како што е предвидено со Уставот на Република Македонија. При тоа, разгледани се можности за подобрување на законските решенија во насока на унапредување на верските слободи и права, се наведува во соопштението.

Поврзани новости