Премиерот Зоран Заев ќе присуствува на денешната средба меѓу Министерството за образование Синдикатот за образование, наука и култура, кои ќе имаат нов овид да се договорат за зголемување на платите на наставниот кадар и за оддржување на наставата.
Токму Заев вчера ја најави оваа средба, посочувајќи дека платите на наставниците за време на мандатот на сегашната Влада се зголемиле за 10 отсто, додека, истакна тој, во преговорите со СОНК понудиле уште десет проценти покачување.
– Верувам дека ќе изнајдеме решение и тоа благодарение на тоа што Буџетот определил пари и има сопствени ресурси токму од парите на граѓаните без ниту еден денар задолжување. Тоа што досега е понудено ја преминува просечната плата, најниската просечна плата во образованието да биде поголема од просечната плата во државата – додаде Заев.