Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Едмунд Гарет.
Како што соопштуваат од СДСМ, на состанокот се разговарало за продлабочената политичка криза во Македонија по едностраните одлуки од власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за парцијална аболиција и укинување на техничката Влада, формирана да организира и спроведе фер и регуларни избори.
Претседателот Заев го информирал британскиот амбасадор дека разговори со Груевски за организација и спроведување избори нема и нема да има додека не се повлече целосно аболицијата.
-Нема алтернатива за комплетно поништување на аболицијата, соопштил Заев кој потсетил дека ова е принципиелен став и на ЕУ и САД.