647
Премиерот Зоран Заев, заедно со премиерите на Грција и Албанија, Кирјакос Мицотакис и Еди Рама, како и со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, на петтиот виртуелен „Thessaloniki Summit 2020″, упатија пораки за добрососедство, афирмација и негување на европските вредности. Премиерот Заев, како што соопштија од владата, во видео пораката истакнал дека Владата силно се залага да гради цврсти релации со соседите, со земјите од Западен Балкан и Европа.
„Заедничката посветена и силна соработка на сите нивоа во овие моменти е неопходна, особено кога проблемите на секоја нација се веќе глобални проблеми. Нашиот сосед, Грција е важен трговски партнер, поточно е во топ петте најголеми трговски партнери на Северна Македонија, со вкупна трговска размена за периодот јануари – август годинава од 414 милиони евра. Како пријателски земји, потенцијалите за унапредување на инвестициските активности и економската соработка сметаме дека треба да имаат нагорен тренд“, порачал Заев.