Премиерот Зоран Заев денеска има обраќање на трибината „На прав пат“, која се оддржува во салата Борис Трајковски во Скопје.
-Сите ние сме на правиот пат! Другарки и другари, денес можеме да кажеме дека времињата на несигурност се зад нас. Тргнуваме по пат кој ни обезбедува повисок стандард. На следните избори, Северна Македонија ќе избира меѓу напредокот и уназадувањето. Направивме многу, а имаме уште многу. Затоа нема скршнување од патот на победата. Ако на момент ни се чини дека напредокот се остварува бавно, тоа е затоа што е реален. Ќе победиме затоа што успеавме и тоа му е јасно на секој. Се друго е враќање назад кон старите проблеми, кавги и дома и со соседите. Враќање во молк и режим, рече Заев.
Тој ги повика членовите на СДСМ да се ангажираат.
-Затоа ајде да се договориме дека секој член од СДСМ да промовира меѓу своите другари и другарки за трите столба за победа. Економијата на прво место. Може ли две и пол години да бидат повеќе од 11? Може, зошто направивме повеќе од претходните. Граѓаните почнаа да ги чуствуваат придобивките, рече Заев, редејќи ги економските реформи на Владата.