Заев на новогодишна дружба со дечиња, ги поттикна да пишуваат творби кои Владата ќе ги објави во книга

by fokus

Премиерот Зоран Заев, денеска се дружеше со дечињата од основното училиште „Братство“, на кои им подели пакетчиња со книги и им порача да напишат раскази и песнички кои потоа Владата ќе ги објави во книга.

Премиерот и владиниот советник Петрит Сарачани на дечињата им прочитаа приказна за земјата Фантазија. Како што рече Заев само децата можат да ја спасат Фантазија од исчезнување.

-Песничките, расказите и писмата ќе ни ги испраќате кај нас во Владата. Можете да ги напишете дома со вашите родилите, или на училиште со учителите. Ќе ги собереме вашите најдобри приказни и ќе направиме една книга, таа книга ќе биде новогодишен подарок за вашите другарчиња за идната година. Значи до крајот на учебната година напишете куса приказна или убава песничка, заедно со наставниците или родителите, и испратите ги кај нас во Владата. Кога ќе бидат готови испратете ни ги по пошта и ние ќе ги печатиме и ќе објавиме нова книга за децата. По распустот ќе повикаме уште дечиња од целата земја да ни се придружат во пишувањето. Вие ќе бидете тие кои ќе ги создадете новите јунаци на Фантазија – им рече Заев на дечињата на новогодишниот настан.

Заев направи селфи со дечињата и им посака среќни празници.

Поврзани новости