Демократијата значи и одговорност. Со мојата оставка, преземам одговорност и оставам пример за граѓанската должност на идните лидери, но и давам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на државата, напиша премиерот во оставка Зоран Заев во објава на Фејсбук соопштувајќи дека ја поднел оставката.
– Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години, наведе Заев во објавата.
Тој им се заблагодари на пратениците во Собранието, овој и претходниот состав, на членовите на двата состави на Владата за време на неговите мандати и на граѓаните на нашата држава.
– Посакувам благосостојба и просперитет на сите наши граѓани, на сите заедници, на целиот наш народ, додава во објавата на неговиот фејсбук-профил.