628
Откако светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја отпеа Македонско девојче на Инстаграм, премиерот Зоран Заев му честита и го покани во Охрид.
– Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата „Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја. Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија.
Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.
Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех, напиша премиерот Зоран Заев.