Заев: На дел од пратениците ќе им понудам раководни места

by fokus

Премиерот Зоран Заев најави дека парламентот веројатно ќе го напуштат и други пратеници бидејќи ќе добијат раководни позиции во извршната власт. Тој е уверен дека имаат стабилно мнозинство во Собранието кое според него, може само да расте.

-Со ДУИ заедно верувам дека имаме поддршка за потребни работи, најмалку 60 пратеници. За владата гласаа 62 пратеници каде што Шахпаска после гласањето за владата и престанува функцијата. Верувам во следните неколку дена парламентот ќе направи верификација на мандатот на следниот пратеник од листата за да вака оформената коалиција од 62 ја потврдиме комплетно. Имам намера на дел од пратеници да им понудам одредени раководни места во државата, од моја и од страна на Владата и министерствата коишто ги именуваат. Така што, континуирано, согласно закон, следните од листата ќе влегуваат. Верувам дека стабилноста на парламентарното мнозинство низ добрите политики може само да расте, изјави Заев од Кавадарци каде е на средба со лозарите.

Тој најави дека до крајот на неделата би ги предложил и замениците-министри, додека очекува до крајот на септември да се заокружи и прашањето со директорските места во извршната власт.

Поврзани новости