Премиерот Зоран Заев вечерва при напуштање на седиштето на СДСМ беше пречекан од неколку телевизиски екипи. Иако не сакаше да даде изјава, новинарите инсистираа, па тој одговори на неколку прашања.
Рече дека уште кога ја најави оставката на денот на изборите, рекол ќе остане во наредниот период за да помогне да се одржи парламентарното мнозинство.
-Слободата е убава работа. Денеска имаме одлука на Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив. Кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинство и ако може да се појача. Очекувам парламентралното мнозинство да се стабилизира, особено она мнозинство кое е за ЕУ, за мултиетничко општество. Вечерта на 31-ви, реков останувам периодот за да помогнам во одржување на мнозинството, рече Заев за ТВ 21 и другите телевизиски екипи.